Сите грчки компании-увозници на руски гас одлучиле да ја прифатат шемата за плаќање кон „Гаспром“ во рубљи, со што нема да има прекин на испораките на енергенси за Грција.

Сите грчки компании-купувачи се префрлија на плаќање во рубљи. Сметките се отворени, процесот на плаќање е во тек – вели извор на „Спутник“.

Европската комисија (ЕК), претходно испрати писмо до земјите-членки на ЕУ во кое објаснува дека компаниите од ЕУ, под одредени услови, можат да плаќаат за рускиот гас во рубљи, без да ги прекршат санкциите против Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.