Грција размислува да и продаде на Украина гранати со бел фосфор.

Грчкиот пратеник, Никос Папанастасис, реагира дека земјата планира да испрати муниција забранета со Женевската конвенција до украинските вооружени сили.

Според Папанастасис, властите со својата одлука ја ослабуваат одбранбената способност на сопствената земја и создаваат услови за „сторување тешки воени злосторства“.

Денес, откако ги премина сите граници вовлекувајќи ја земјата во оваа империјалистичка војна и кршејќи ја секоја идеја за почитување на меѓународните договори и забраните на ОН, владата продава десетици илјади запаливи тенковски гранати со бел фосфор во Чешката Република, за крајната дестинација да се биде Украина“, реагираше Папанастасис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.