Во голема полициска акција наречена „Мапа“ 20 лица се уапсени за шверц на дрога, а четири лица се ставени на потерница, изјави директорот на албанската полиција Тонин Вочај.

По спроведена тримесечна истрага, со посебни истражни методи од страна на полицијата во Тирана под раководство на Обвинителството, обезбедени се правни докази за криминалната активност на две групи составени од 24 лица. Акцијата беше спроведена во Тирана и Камез, а запленети се два килограми и 121 грам кокаин, 300 дози канабис, 130 дози хероин, 1.700 евра, пет милиони лека, како и 11 возила и 29 мобилни уреди, рече Вочај.

Според извештаите, уапсените дистрибуирале дрога во училишта, барови, ноќни клубови и различни населби на Тирана.

Уапсените на возраст меѓу 25 и 60 години комуницирале со различни шифри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.