Голем шумски пожар избувна утрово во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, а превентивно беа евакуирани жителите на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина.
Поради силниот ветер отежнато е гаснењето на пожарот, а интервенираат 120 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и два хеликоптера.
Преку европскиот број за итни случаи 112 до жителите на четири населени места во близина на пожарот утрово беа испратени пораки за евакуација.
Според локалните медиуми од островот, пожарот зафатил и домови и повредено е едно лице.
Градоначалникот на Иерапетра Манолис Фрагулис за грчката телевизија ЕРТ објасни дека пожарот е високо на планината, на непроодно место, а „најлошото е што ветерот е многу силен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.