Голем пожар избувна во Бар во Црна Гора, а густ чад се шири низ градот.

Според информациите кои ги објави српскиот весник „Блиц“, туристите пријавиле дека пепел паѓа врз нивните автомобили паркирани во околината.

Жителите на Бар сметаат дека пожарот настанал во голема сала, која порано била дискотека. Засега не се знае дали противпожарните бригади излегле на лице место.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.