Се зголемува притисокот врз болниците во Бугарија поради корона вирусот, а расте и бројот на примени на одделенијата за интензивна нега.

Нови 9.152 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а од нив 75 отсто не се вакцинирани.

Се зголемува бројот на активни случаи на корона вирус во земјата и тие се веќе 255.422.

Во последните 24 часа во медицинските установи се сместени нови 797 лица, а речиси 85 отсто од нив не биле вакцинирани.Така, вкупно 5.917 лица во моментов се хоспитализирани на лекување. Од нив 565 се сместени на одделенија за интензивна нега.

Бројот на оние кои ја загубија битката со болеста и понатаму е голем. Во изминатите 24 часа има 87 смртни случаи од корона вирус, а 86 отсто од нив не биле вакцинирани. Така, вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во Бугарија достигна 33.492 лица.

Вкупниот број на Бугари со завршен циклус на вакцинација достигнува премина два милиони – 2.003.025. Од нив со трета доза се 620 413 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.