Балканските медиуми објавија видео од надзорна камера на кое се гледа моментот кога на Паг смртно бил застрелан црногорскиот државјанин, Горан Влаовиќ, кој се поврзува со криминалниот Шкаљарски клан.

Влаовиќ бил ликвидиран кога околу шест часот наутро го напуштил ноќниот клуб на популарната плажа Зрче, на хрватскиот остров.

Влаовиќ излегол од локалот со својата девојка Драгана Баниќ од Србија кога напаѓачот му пришол одзади и му пукал во глава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.