Во близина на Сплит во текот на вчерашниот ден се одвиваше вистинска драма. Во море се запали глисер, а патниците се спасиле скокајќи во море.

Како што објави „Далмацијаданас“, станува збор за помал глисер за превоз на патници.

Во моментот на несреќата на глисерот биле двајца членови на екипажот и двајца патници кои кога избувнал огнот скокнале во море и така се спасиле.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.