Поранешниот амбасадор на САД во СРЈ Вилијам Монтгомери открива досега непознати детали од поселдните денови пред апсењето на Слободен Милошевиќ и улога Милора Улемек Легија, пишува „Република.рс“.

Тој вели ноќта пред Милошевиќ да се предаде и да замине во затвор луѓе со фантомки, облечени во кожени јакни и фармерки, скокнале од возилото и се обиделе да влезат во вилата.

По смртта на Ѓинѓиќ, беше откриено дека всушност станува збор за Легија и некои од луѓето што тој ги регрутирал, меѓу кои и лидерот на „земунскиот клан“, Душан Спасојевиќ. Според еден очевидец, веднаш по апсењето, Легија добил 100.000 или 200.000 германски марки од самиот Ѓинѓиќ, во кабинетот на премиерот, за да им ги подели на момчињата за добро завршената работа. Како образложение за ангажманот на Легија беше наведено дека редовните полициски сили не сакале или не биле во можност да го извршат апсењето и дека ситуацијата рапидно се влошувала-раскажува амбасадорот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.