Во рамки на европската програма што предвидува над 200 пожарникари од шест европски земји да ѝ помагаат на Грција во гаснењето на пожарите, во следниот период заедно со грчките ќе бидат и пожарникарите од Франција, Норвешка и Финска.

Францускиот тим од 25 пожарникари ќе биде распореден во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во текот на август и доаѓа на местото на романскте пожарникари, кои си заминаа во петокот.

На Пелопонез, во градот Триполи, ќе  бидат пожарникарите од Норвешка, вкупно 27 кои пристигнаа вчера, а во текот на денов се очекува да пристигне и тимот од 48 пожарникари од Финска.

Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис, утрово во Атина ги пречека француските пожарникари.

Вашето присуство, драги пријатели, уште еднаш докажува колку се силни врските меѓу грчката и француската противпожарна служба. Истовремено, ги потврдува силните историски врски меѓу нашите две земји, Грција и Франција.  Успехот на програмата за распоредување на европските пожарникари е доказ дека европската солидарност функционира со конкретни, опипливи резултати – порача Стилијанидис.

Европската пилот програма се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита со поддршка на Европската Комисија и предвидува во периодот јули-август пожарникари од Бугарија, Романија, Германија, Франција, Финска и Норвешка да бидат лоцирани и распоредени во Грција за да помогнат во противпожарната заштита и во размената на знаење и искуство со нивните грчки колеги.

Во грчките градови Триполи и Лариса се пожарникарите од Германија и Бугарија, а во Атина беа романските, на чие место сега доаѓаат француските поожарникари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.