Лидерите на Западен Балкан и на Европската унија денеска се среќаваат во Котор на самитот под слоганот „Еден регион, заедничка визија“.

На самитот ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Официјални лица од регионот, претставници на ЕУ и Соединетите Американски Држави ќе разговараат за Планот за раст на Западен Балкан.

Пред самитот има закани за безбедноста на Вучиќ.

-Тоа беше проба за атентат врз тебе – е една од најскандалозните закани што се појавија.

Меѓу ужасните заканувачки пораки беше и оваа:

– Сега веќе нема мачкање очи треба да си ги исполниш ветувањата, инаку и вака ќе читаме за тебе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.