Состојбата на северот на Косово на тенок лед. 27-те земји-членки на Унијата преку писмено соопштение порачаа дека неуспехот во смирувањето на ситуацијата ќе има негативни последици, а Европската Унија е подготвена да спроведе решителни мерки
– Ги повикуваме и Косово и Србија веднаш и безусловно да преземат мерки за деескалација, да престанат да ја користат реториката на поделба и да се воздржат од какви било понатамошни некоординирани дејствија. Потребно е итно враќање на мирот.
Новоизбраните градоначалници, се додава, своите должности привремено треба да ги извршуваат во други простории и покрај општинските згради.Распишување на нови предвремени локални избори во четирите општини на северот на Косово е исто така едно од барањата наведени во соопштението, на кои од Унијата очекуваат да учествуваат и локалните Срби, кои се мнозинско население во општините.
И САД се загрижени и бараат Србија да ја повлече војската. Белата куќа соопшти дека првиот заменик советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Финер разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Притисокот врз Белград и Приштина за решавање на спорот се засилува. Следната недела специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ќе ја посетат Приштина.
Турското Министерство за одбрана информираше дека Турција планира да испрати командоси во Косово во недела и понеделник како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на мировните сили на Алијансата КФОР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.