Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, доаѓа во Приштина и во Белград за да го поддржи дијалогот меѓу двете страни.

Како што јавија српски медиуми, пренесувајќи изјава на портпаролот на Стејт департментот за Танјуг, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак доаѓа со Ескобар во Приштина и во Белград, при што, в среда ќе пристигнат во Приштина, а в четврток во Белград.

Посетата е по неуспешната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво, кога српскиот претседател Александар Вучиќ и претставникот на Приштина Албин Курти се сретнаа во Брисел.

Ескобар и Лајчак на почетокот на февруари годинава последен пат заедно ги посетија Приштина и Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.