Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека косовскиот премиер Аљбин Курти има два дена да одговори на барањата што му беа упатени на средбата и најави дека до петок заедно со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, тој ќе извести дали има напредок или не, јавува „Косовски Репортер“.
Ескобар изјави дека доколку косовскиот премиер Албин Курти не ги прифати трите услови за смирување на ситуацијата на северот на Косово, тогаш тоа значи дека не сака соработка со ЕУ и САД и дека тоа не може да помине без последици.
Ескобар пред новинарите зборуваше и за членот 7 од Охридскиот договор, формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, наведувајќи дека Курти има план за Заедницата, но го крие. Тој не откри дали нацрт-статутот на Заедницата го подготвила Приштина или Европската унија, но нагласи дека нацртот постои и се крие.
Ескобар, кој од вчера е во Приштина и кој заедно со Лајчак синоќа се сретнаа со Албин Курти, нагласи дека косовскиот премиер има два дена да одговори на барањата што му биле изнесени на средбата.
Соединетите Американски Држави и ЕУ очекуваат да постигнат договор за смирување на ситуацијата на северот, односно исполнување на трите барања на меѓународната заедница кои Ескобар и пратеникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак му ги предочија на Курти.
Ескобар додаде дека САД, Европската унија и сите меѓународни партнери имаат заеднички став за смирување и нормализирање на ситуацијата, а доколку тоа не се случи, тогаш последиците за Косово ќе бидат долгорочни.
Тој изјави дека тие не се насочени кон народот на Косово, бидејќи, како што рече, Америка има одлични односи со граѓаните и дека Вашингтон секогаш ќе биде со нив без разлика кој е на власт.
Ескобар посочи и дека Владата на Косово веднаш треба да го претстави нацрт-статутот на ЗСО.
Ќе стигне до Здружението, прашање е само со кого“, изјави Ескобар.
Тој рече дека доколку Приштина и Белград не го почитуваат Бриселскиот договор, тогаш ја отфрлаат ЕУ. Тој додаде дека Александар Вучиќ не може да има право на вето кога ќе се одржат избори во четири општини на северот на Косово и додаде дека тој прозорец се затвора доколку Косово ја формира ЗСО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.