Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе застане на страна на Либан и ќе ја поддржи земјата со сите нејзини средства, откако Израел изврши напади врз Либан.
Никогаш нема да ги оставиме нашите браќа од Либан во овие тешки денови и ќе ги поддржиме со сите наши средства, рече Ердоган.
Ердоган минатата недела ги осуди неодамнешните напади на Израел во Либан и ги нарече израелска политика на „геноцид, окупација и инвазија“, а истовремено го повика Советот за безбедност на Обединетите нации и другите организации да ја запрат еврејската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.