Жителите на Калитеа, рано утрово ги разбуди силна експлозија која се случила во винарска визба на улицата Лагумици во грчко летувалиште популарно и посетувано од македонските туристи.
Инцидентот во винаријата е регистриран по полноќ, поточно во три часот и пет минути по локално време и моментот на експлозијата е снимен од камерите од видео надзорот.
Експлозијата беше жестока и го потресла целиот кварт, предизвикувајќи штети освен врз винарската визба и врз соседните станбени згради, но и 11 паркирани автомобили, а некои се целосно уништени.
Како што може да се види на сликите што утринава ги објави СКАИ, соседните станбени згради претрпеле сериозни оштетувања.
Соседите за грчките медиуми изјавија дека „сопственикот на оваа визба поседува и познат ноќен клуб кој е од задната страна. Бил мета на ваков напад и пред десетина години кога исто така била уништена винаријата, а биле оштетени и околните згради
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.