Двегодишно девојче остана без прст откако улично куче ја нападна и ѝ го одгриза и изеде, во несреќата што се случи вчера во населба во Белград.

Беше обично попладне, дојде сестра ми и со мојата внука. Денот започна како и секој друг, а потоа се претвори во најголемата агонија во нашите животи, ја започнува приказната тетката на двегодишното девојче.

После ручекот малата Кристина отишла на прошетка со мајка ѝ.

Дете како дете, љубопитно и полно со живот, му пријде на едно мало црно куче да го погали, без да се посомнева што ќе се случи. Во тој момент кучето се нафрли врз неа и го гризна прстот од десната рака. Тоа ја касна толку крвожедно, што не сакаше да го пушти додека не го одгризе целиот прст!, раскажува тетката.

Детето беше во големи болки, додава таа, и доживеа голема траума, како и нејзината мајка.

Откако конечно мајката успеала да ја извлече ќерката од челустата на животното, следел нов шок кога од Итната помош не сакале да испратат возило, зошто не бил животозагрозувачки случај, туку само прст.

Кога конечно ја хоспитализирале во Институтот за мајка и дете, докторите го побарале каснатиот прст за да го сошијат, но прстот не можел да биде пронајден.

Цело соседство излезе да го пребара местото, но прстот не го најдовме, најверојатно кучето го изеде, па трансплантацијата не беше возможна, вели тетката.

Како што додава, на раката на девојчето останал само коренот од прстот.

Кристина е се уште во болница, сега е стабилна, но тоа не и ја намалува траумата и фактот дека има инвалидитет, вели тетката на девојчето.

Граѓаните од овој дел на главниот српски град со години ги молат властите да го решат проблемот со голем број напуштени кучиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.