Двајцата Срби кои беа уапсени на протестите во Звечан на Косово добија 30-дневен притвор.

Основниот суд во Приштина им одреди 30 дена притвор на Радош Петровиќ и Душан Обреновиќ, кои беа уапсени во понеделникот во Звечан, дознава Косово онлајн.

 

„Петровиќ и Обреновиќ, кои КФОР пред два дена и ги предаде на косовската полиција, утринава се префрлени од полицискиот притвор во Косовска Митровица во судскиот притвор во Приштина“, изјави денеска поранешниот градоначалник на Звечан, Драгиша Миловиќ.

И денеска имаше протест во Звечан. Повеќето граѓани се разотидоа, но помала група остана и донесе чадори и клупи за да „дежурат“ во текот на ноќта. Српско знаме долго речиси 300 метри ја прекри улицата во Звечан. Пред два дена имаше судири, при што беа повредени најмалку 52 Срби, но и припадници на КФОР. Србите бараат формирање Заедница на српски општини и да се повлечат косовските специјалци од север. Србите ги сметаат за нелегитимни градоначалниците Албанци, затоа што српското мнозинство во тие општини го бојкотираше изборниот процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.