Марко Миленковиќ од село Дрлупе кај Краљево и Стефан Витковиќ починаа откако се обиделе да го оттргнат транспортерот од силосот што води до парната печка.

Тие легле во силосот за да се обидат да го отстранат дефектот, но неколку секунди откако влегле во силосот, врз младите момци паднала куп пилевина. Едениот загинал на лице место, додека другиот им подлегнал на повредите во Општата болница Студеница во Краљево.

Кога пилевината паднала врз работниците, тие веројатно се уште биле живи, но потоа се задушиле. Таткото на Стефан кој имаше само 24 години е во шок поради трагедијата, денеска треба да пристигне од Франција каде работи, а Марко кој имаше 31 година зад себе остави дете и бремена сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.