Дваесетгодишен студент од Волос е единствениот преживеан од првиот вагон на возот кој се судри со товарен воз кај Лариса во Грција.

Студент кој патувал за Солун, каде што студира, бил со други студенти во изгорениот вагон од кантината. Веднаш по судирот бил фрлен во полето. Според информациите спасувачите таму го пронашле онесвестен.

20-годишникот веднаш бил префрлен во болница каде бил примен на операција, пренесува protothema.gr.

„Тој беше единствениот преживеан од првиот вагон“, велат лекарите кои се борат да го одржат во живот. Младиот човек имал две операции на главата и бил хоспитализиран на одделението за интензивна нега.

Забележано е дека првите вагони на патничкиот воз биле речиси уништени во страшен судир.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.