Беспилотно летало на турските поморски сили снимило како грчката страна во Егејското Море ги враќа непријавените мигранти во турските води.

Во врска со овој случај соопштение се огласи Министерството за одбрана на Турција.

Беспилотното летало на поморските сили снимило како крајбрежната стража на Грција, на 9 август 2022 година, источно од островот Самос, во Егејското Море, враќала непријавени мигранти со гумен чамец во турските води, се наведува во соопштението.

Беше кажано дека за случајот веднаш била информирана турската крајбрежна стража и дека мигрантите биле спасени.

Објавена е и снимката снимена од беспилотно летало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.