Полицајци фатиле 9 илегални мигранти во автобус кај Пловдив, потврдуваат од Регионалната управа на МВР за 4NEWS.mk. Возилото било сопрено синоќа во 23 часот и 30 минути во близина на селото Труд. Странците се изјасниле како Авганистанци. Полицајците го уапсиле и возачот на возилото, кој е од Македонија.

Неговиот допинг тест се покажал позитивен. Поведена е претистражна постапка, а известено е и Окружното обвинителство.

Пред четири дена на автопатот Тракија кај Пловдив беа приведени две илегални групи мигранти. Во првото комбе патувале 25 странци. Во вториот се пронајдени 31 мигрант. Возилото го управувал полицаец од Бугарија кој е приведен и во моментов е во притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.