Србинката Б.В.(49) дошла во Белград од Германија заедно со својата ќерка за да ѝ биде извршена операција за намалување на градите во една приватна ординација во центарот на градот. Жената подоцна починала од белодробна емболија, а не е познато што ја предизвикало оваа болест, пишува Блиц.

Персоналот на клиниката ѝ кажал на ќерката на жената дека операцијата поминала добро. Меѓутоа кога мајката можела да стане, доцна во ноќта, се упатила кон бањата и таму се струполила.

Пациентката била префрлена на Итна помош каде ја приклучиле на респиратор и пробале да ја реанимираат со сите достапни средства, но набрзо констатирале смрт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.