Деветгодишното момче, чија рака експлодирала во средата во Загреб, ги загубило сите прсти освен палецот. Момчето е на Одделот за интензивна нега, не е при свест. Според ХРТ, тој ќе биде подложен на уште една операција.

Детето е добро, стабилно е. Без компликации. Поминаа 24 часа откако го примивме на лекување. Се спроведуваат сите стандардни мерки што ги бара едно вака тешко повредено дете. Но, тој ќе остане траен инвалид, невозможно е вака да се реконструира повредена рака, изјави за централниот Дневник д-р Анко Антабак, специјалист по детска хирургија, КБЦ Загреб.

Тој истакна и дека момчето ќе мора да оди на неколку посложени операции, а за жал никој не знае каков ќе биде конечниот исход од лекувањето.

Ова е престрашно и преглупаво, секоја година за Божиќ сме сведоци на повреди на деца, рече помошник директорот на КБЦ Загреб Миливој Новак на прес-конференцијата на која беа презентирани информации за состојбата на повреденото момче.

Тој потенцираше дека детето е живо, но дека многу тешко е повреден и можел да умре.

Животот на момчето бeше во опасност, денеска во рок од 12 часа му била извршена втора операција која му овозможила да дише низ тешко повредениот врат. Дефинитивно ќе остане на одделението за интензивна нега неколку дена. Денес ги реконструиравме дефектите на коските. Ако ги видите тие слики, ќе ја изгубите волјата да ручате, изгледа толку страшно. Некои работи не можевме ни да ги спасиме,вели Антабак.

Медиумите претходно објавија дека се работи за голема петарда долга десет сантиметри, која експлодирала откако ја запалил со кибритчиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.