На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми во вторникот, достигнувајќи нов 10-месечен максимум.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,06 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,25 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,75 на 149,85 јени, на ново највисоко ниво во последните 11 месеци. Поради слабоста на јенот, се шпекулира дека може да интервенира јапонската централна банка.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па вредноста на еврото се лизна на 1,0460 долари, блиску до најниското ниво од декември минатата година, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0565 долари.

Цените на нафтата, пак, значително паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава падна за 1,06 отсто, на 89,75 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,86 отсто, на 88,05 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.