Стоте дена Влада ми изгледаа како илјада и мислам дека и вие и вашите гледачи го сфаќате тоа, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Алфа“, посочувајќи дека летово, веднаш по изборите, требаше да се справат со „невидени природни катастрофи“, со огромен пожар, а потоа и со поплави „какви што досега не сме имале во земјата“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис потенцираше дека во прашањата поврзани со климатската криза потребно е да направат многу повеќе од она што го планирале, „од проста причина што условите отсега ќе бидат континуирано потешки“ и ја истакна потребата да се подготви сеопфатна стратегија за прилагодување на последиците од климатските промени на централно ниво.

Го делам општото чувство на тага, а можеби и огорченост во погодените подрачја. Од друга страна, мислам дека никој не ја оспорува јачината на временските појави. Нема потреба да се навраќам на темава, многу пати ја имам анализирано. Но, како што кажав на Меѓународниот саем во Солун, идентификував и доста точки каде што можеме да станеме подобри и во однос на координацијата меѓу централната власт, локалните власти од втор и прв степен и во однос на моделите за прогноза поврзани со развојот на временските феномени, рече грчкиот премиер во интервјуто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.