Во два трговски центри во Белград денеска имаше дојава за бомба, а дојавата стигна и за Техничкиот факултет, јави дописникот на МИА од Белград.

Дојавата за поставени бомби имаше во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“ во центарот на Белград. Како што е потврдено од Министерството за внатрешни работи (МВР), непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.

Во моментов во тек е евакуација на посетителите во тие трговски центри, а надлежните екипи на МВР се излезени на терен поради дојава за поставена бомба во ТЦ во Карабурма.

Блиц соопшти дека дојава за поставена бомба е пристигната и за Техничкиот факултет во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.