Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, навестува дека се разгледува можноста младите момчиња од српскиит ентитте во Босна и Херцеговина, да служат војска во Србија

Додик истакна дека му е драго што Србија донела одлука за воен рок и дека се бара начин момчињата од Република Српска да отслужат редовен воен рок во Србија.

Преку одредени решенија ќе ги стимулираме нашите момчиња да заминат во Србија, да го отслужат воениот рок и да се вратат во Србија. Ќе видиме како да им обезбедиме побрзо вработување или друг вид на привилегии и поддршка на младите кои ќе го прифатат ова“, рече Додик.

Тој посочува дека единствената можна позиција за Србија е да биде воено неутрална земја.

Не може да влезе во НАТО, бидејќи какви луѓе би биле ние ако по два бомбардирања сега влеземе во тој сојуз. Од друга страна, ние Србите сме опкружени со Алијансата. Затоа и е важно Србија да ја зајакне својата армија“, смета Додик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.