Претседателот на српскиот ентитет во БиХ,Милорад Додик денеска го одликуваше рускиот претседател Владимир Путин со Орден на Република Српска за „патриотизам и љубов кон РС“, јавуваат сараевските медиуми.
„Путин е одговорен за развивање и зајакнување на соработката и политичките и пријателски односи меѓу Република Српска и Русија. Тој има заслуги во областа на јавните дејности кои придонесуваат за севкупен и заеднички политички, економски, социјален и економски раст и развој“, рече Додик, пренесува klix.ba.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.