Документите пронајдени во подземните простории на Клиничкиот центар во Љубљана открија шокантни детали за Јосип Броз Тито. Во тој Центар доживотниот претседател на Југославија ги помина последните месеци од животот.

Иако се мислеше дека целата документација поврзана со неговото лекување е пренесена во Белград, во 2019 година во подрумот на Центарот зад железна врата беа пронајдени документи од времето на неговото лекување.

Како што пишуваат словенечките медиуми, тоа се претежно сметки за лекување и списоци на луксуз во кои живеел персоналот кој се грижел за здравјето на Тито, но и членовите на неговото обезбедување.

Така, еден документ открива дека за само еден месец изеле сто килограми свинско месо, 31 килограм младо телешко месо, 18 килограми буѓоле, повеќе од 15 килограми пршута, 90 килограми конзервирана шунка и 54 килограми банани. Јасно е дека после сето тоа што го изеле, биле доста жедни, па во тие месеци испиле 91 шише виски, 20 шишиња рум, 11 шишиња вотка и 100 литри вино.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.