Европската комисија (ЕК) и Европската служба за надворешни работи поднесоа предлог исполнувањето на обврските преземени во Охрид да се вклучи во преговарачката рамка на Србија за членство во ЕУ.
Со овој предлог, обврските од Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и неговиот анекс за имплементација, кој беше договорен минатиот март во Охрид, формално стануваат составен дел од процесот на преговори за членство на Србија во Европската унија.
Според портпаролот на Европската комисија, предлогот на Комисијата вчера бил проследен до Советот на Европската унија, потврди денеска Радио Слободна Европа (РСЕ).
Министрите во декември минатата година побараа од Комисијата да ги вклучи обврските од Договорот за пат за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел.
-Советот бара од ЕК и високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија, се наведува во заклучоците, кои прво беа усвоени од европските министри, а подоцна и од шефовите на држави и влади на ЕУ.
Поглавјето 35 во преговарачката рамка за членството на Србија во ЕУ, кое се нарекува „други прашања“, во случајот со Србија го вклучува и нормализацијата на односите со Косово.
По поднесувањето на предлогот, на Советот на ЕУ е да ги усвои овие измени, со кои формално ќе се вклучат и обврските на Србија од дијалогот во преговарачкиот процес за членство со Брисел.
Оваа вест треба да биде отрезнувачка за власта на ДУИ и СДСМ како и за претседателот на државата Стево Пендаровски.Тие едногласно велат дека промена на преговарачката рамка за Македонија не е можна и оти мораме да го прифатиме Францускиот предлог и уставните измени.
Ете можело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.