Република Македонија мора да го сфати значајното место, што го има работењето на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија во процесот на пристапување на земјата во Европската унија.

Ова ексклузивно за БГНЕС го изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања, пренесува Трибуна.

Коментирајќи го она што комисијата го постигна на последниот состанок, проф. д-р Димитров изјави:

„Ако во една активност се врви ритмички и со резултат, не е проблем да се каже дека нема нешто ново. Но, кога нема резултати, навистина не е пријатно да се објави ова од едноставна причина, што на темите што ги работиме, тешко ми е да кажам на колку средби по ред не сме го постигнале посакуваниот резултат“.

Темата на која се разговарало денеска била поврзана со Охридската архиепископија.

„Темата на која одвоивме најмногу време на денешната средба е постигнувањето на заеднички став како да се претстави Охридската архиепископија. За жал, повторно не го постигнавме очекуваното“, нагласи проф. д-р Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.