Изјавата на претседателот Стево Пендаровски за бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски е „скандалозна и антибугарска“ и побара итна реакција од бугарското МНР.
Нашето Министерство за надворешни работи мора да реагира итно и да побара извинување од Пендаровски. Уште еднаш лажеше дека властите во Софија се вклучени во депортацијата на Евреите од територијата на денешната Македонија. Докажан историски факт е дека ова е целосна лага. Одделно Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка влада. Докажан историски факт – Кралството Бугарија никогаш не било на власт ниту владеело ниту со фашистички ниту национал социјалисти, пишува Џамбаски.
Според него, „лагите на Пендаровски“ се тешка навреда за бугарскиот народ и оти имаат за цел понижување и негирање на историската улога и заслуга на бугарскиот цар, црквата, политичарие и народот кои единствени во Европа ги спасиле од депортација и смрт.
Дрскоста на ксенофобната, антибугарска, антиевропска власт во Скопје оди до тоа да се обиде да ја негира оваа неспорна историска заслуга на нашата нација, која, ќе повторам, единствена во Европа, од која сега разни политички бескичметници се обидуваат да нè научат на ум и разум, се осмелија да му се спротивстават на Хитлер и ги спасија неговите Евреи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.