Европратеникот Ангел Џамбаски пред парламентарните избори во април подготвува патриотски фронт и преговара за обединување на „сите родољубиви патриотски организации“ за да спречи национално предавство во бугарското Народно собрание.

Без обединување на патриотските партии во Народното собрание се спроведува национално предавство. Видовте што се случи, ВМРО го немаше во Собранието, па срамните антибугарски сили веднаш се обединија и ја предадоа Македонија“, изјави Џамбаски во интервју за Нова ТВ, нарекувајќи ги „безкарактерни безрбетници“.

Резултат на таквото предавство, како што вели, била засилената антибугарска кампања во Македонија, засилување на омразата, напади врз македонските Бугари и бугарските клубови, па затоа во Собранието требало да биде претставен тој дел од општеството кој во моментов го нема. Сепак, тврди дека нема да разговара со Преродба на Костадин Костадинов, бидејќи тие не го штителе бугарскиот национален интерес, туку работеле за руски интереси.

Во интервјуто Џамбаски потврдува дека бара враќање на ветото.

Сакаме враќање на ветото бидејќи во РС Македонија „бугаромразачката“ власт ги напаѓа луѓето со бугарска самосвест. Тоа е спротивно на вредностите на ЕУ, меѓу кои и на правото на национална самоопределба, правото на здружување и правото да се нарекуваш како сакаш. Во Македонија тие права им се одземени на локалните Бугари. Тие имаат само северномакедонско државјанство и се претепуваат до смрт, вели тој.

Во однос на ветото, Џамбаски објаснува дека тоа уште не е ставено, туку се става кога ќе почнат преговорите или на крајот од преговорите, но нивната цел е да не се дава зелено светло за почеток на преговорите додека не се исполнат неопходните услови и, како што вели, додека Република Македонија не се обиде да стане барем малку нормална европска држава.

– Условите се императивно Бугарите веднаш да се внесат во Уставот како државотворен народ, да запре јазикот на омраза, да се сменат учебниците и да не се фалсификува бугарската историја. А не власта да „си ги измие рацете“ со најлесната работа-внесување на Бугарите во Уставот, изјави Џамбаски и потврди дека имало политички притисок врз Софија со различни методи од разни амбасади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.