Зборувајќи за состојбата на ранетите во масовното пукање во околината на Младеновац, што се случи на 4 мај, министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ рече дека двете момчиња се во шок соба, а девојката со повреда на главата од училиштето „Рибникар“ се освестила, но дека ќе следи операција на левото око и извлекување на куршумот.

Министерката во гостувањето на „ТВ Пинк“ рече дека е опериран уште еден пациент, жртва на масовно пукање, како и дека вчера била оперирана девојката од Младеновац која имала тешки повреди на стомакот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.