Уапсениот за убиството на војникот во Пожега при апсењето се правел дека ништо не знае за тоа, па дури се понудил да ѝ помогне на Итната помош да го однесат полумртвиот војник во болница. Сепак, надзорните камери подоцна го издале. Според локалниот портал Pozega.eu, 20-годишниот М.К. му бил другар од детството на војникот, а сега е осомничен за негово убиство.
Министерството за одбрана на Хрватска во саботата извести дека Јаков Бочкај (21), припадник на хрватската армија, кој не бил на должност, рано изутрината бил пронајден во несвест на паркингот на Плоштадот Свето Тројство во Пожега и бил пренесен во Општата жупаниска болница во Пожега, каде подоцна им подлегнал на повредите.
Полицијата вчера попладне соопшти дека околу 2 часот и 25 минути на паркингот во Пожега е уапсен 20-годишник, кој се сомничи дека е поврзан со настанот. По спроведената истрага, против осомничениот е поднесена кривична пријава за нанесување тешки телесни повреди со последица смрт“ и за него е одреден притвор.
Тој е обвинет дека по кратка вербална расправија на паркинг во саботата околу 02:15 часот во Пожега, на плоштадот Светo Тројство, физички нападнал 21-годишен маж, удирајќи му неколку тупаници во пределот на главата. Од ударите 21-годишниот маж паднал на подот, а осомничениот продолжил да го удира уште неколку пати и го напуштил местото на настанот.
Напаѓачот, кого полицијата го пронашла во близина на местото на нападот, наводно се правел дека не знае што се случило со неговиот пријател, па дури се понудил да им помогне на полицијата и на Итната помош да го пренесеат во болница. Сепак, подоцна бил уапсен бидејќи нападот бил снимен од надзорните камери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.