Десетгодишно девојче се удави во базенот на станбениот комплекс каде било со родителите, јавуваат грчките медиуми.

Според пишувањата, девојчето било во дворот на комплексот во Неа Макри каде си играло со својата другарка. Според информациите, девојчето не се соочувало со никаков здравствен проблем и било страствен пливач.

Нејзината мајка била во близина и го товарела нивниот багаж во нивниот автомобил за да се вратат дома во Атина. Претходно, нејзиниот татко го напуштил одморалиштето со нејзиниот брат близнак. Во еден момент 10-годишното девојче останало само во базенот.

Потоа се нурнало во водата за да ја фати маската што нејзините другари ја фрлиле како дел од играта што ја играле последните неколку дена. Десетгодишното девојче потонало на дното на базенот, каде се задржало најмалку 3 минути.

Менаџерот на комплексот истрчал да ја спаси. Кога пристигнал, детето имало модринки и тешко дишело. Двајца лекари, кои биле во близина се обиделе да ја спасат. Како што пишува „Прототема“ девојчето вадело храна од устата додека добивало прва помош најмалку 20 минути.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.