На денешен ден во 1998 година во кафулето „Панда“ во Пеќ, во ѕверски терористички напад беа убиени неколку српски деца.
Таа вечер, во периодот од 20:00 до 20:15 часот, маскирани терористи на ОВК упаднаа во кафулето, познато како омилено место за собирање на учениците од гимназијата Свети Сава од Пеќ, и од вратата отворија оган со автоматско оружје, при што убија четворица млади момчиња од српска националност.
На лице место починаа Гвозденовиќ Вукота (16), Радевиќ Иван (25), Иван Обрадовиќ (14) и
Трифовиќ Драган (17).
Од здобиените повреди во болница починаа Станојевиќ Зоран (17) и Светислав Ристиќ (17), а тешко ранети беа Мисад Шабовиќ и Влада Лончаревиќ.
Вистината за ова злосторство никогаш не е откриена, ниту, пак, некој одговарал за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.