Американската разузнавачка агенција ЦИА работела по план на Балканот. Во најпознатата шпионска анализа под бројот 15-90, точно се предвидени настаните по смртта на Тито, колапсот на државата и граѓанските војни. Истовремено, најавено е дека најтешките конфликти ќе се водат во БиХ и Косово, објави „Република.рс“.
Американскиот амбасадор, Ворен Цимерман, бил испратен во Југославија во 1989 година со специјална задача. Пораката што ја донел, а која од Вашингтон ја испратил заменик-државниот секретар на САД, Лоренс Иглбергер, била дека Југославија си го одслужила своето време и дека повеќе нема значење за Америка како што имаше за време на Студената војна.
Документи од 1990 година: Детален распоред на државата
– Сè почнува од Словенија на почетокот на 1990 година.
– Во Словенија, а во помала мера и во Хрватска „никнува нов национализам, свртен кон Западот“.
– Со отцепувањето на Словенија и Хрватска, Југославија ќе престане да функционира како федерална држава
– За една година веројатно се ќе се распадне
– Економските реформи нема да спречат распаѓање
– Србија ќе го блокира обидот на Словенците и Хрватите да формираат конфедерација од Југославија
– Распадот ќе продолжи и по заминувањето на Словенија и Хрватска
– Насилството ќе биде жестоко и долготрајно
– БиХ претставува најголема закана за развојот на фундаменталните етнички поделби во Југославија меѓу Србите и Хрватите во големо меѓузаедничко насилство
– Етничката мешавина во БиХ, муслиманите повеќе од 40 отсто, Србите 32 отсто и Хрватите 18 отсто од вкупното население – отсекогаш била потенцијално опасна
– По ова, ќе следи воен бунт на Албанците на Косово, кои ќе имаат поддршка од албанското малцинство во Црна Гора и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.