Вишиот суд во Белград донесе нова одлука со која определи привремена мерка со која се забранува продажба или ставање под хипотека на недвижен имот во Ниш, Параќин и Белград, за кои е утврдено дека се сопственост или косопственост на Миљана К., мајката на Коста. К., кој на 3 мај уби девет ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Ова е втора мерка што ја донесе Вишиот суд во последниот месец.

Првата мерка го опфати нејзиниот имот во Белград, поточно стан и гаража во Врачар, половина стан во истата општина како и половина стан во Ѕвездара.

Сега истрагата утврди дека таа поседува и половина од станбена зграда во Ниш, половина од помошната зграда во Параќин, но и дека поседува половина од вкупно 20 градежни и земјоделски парцели во Параќин и Ниш!

Судот изрече времена мерка за обезбедување идни парични побарувања, по предлог на 27 најблиски членови на семејствата на загинатите во основното училиште „Владислав Рибникар“. Тоа не значи дека некој го конфискувал и трајно го одзел имотот на мајката, туку дека и е изречена забрана да го продава или да стави хипотека врз него, за доколку на најблиските членови на семејствата на жртвите им се досуди паричен надоместок за претрпената душевна болка и страдање во граѓанската постапка да можат да ги наплатат тие суми – објаснува соговорникот од истрагата.

Да потсетиме, Вишиот суд во Белград донесе мерка со која му забрани на таткото на Коста, Владимир, да располага со неговиот имот, поточно стан, деловен простор и автомобил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.