Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека барањата на Косово за членство во Советот на Европа се „неприфатливи“.

Дачиќ ги изнесе ваквите коментари на 19 февруари во разговор со Јанош Бабиќ – новиот шеф на канцеларијата на Советот на Европа во Белград.

Дачиќ му честиташе на Бабиќ за преземањето на функцијата и го изрази своето задоволство за поддршката што Советот на Европа и ја дава на Србија повеќе од 20 години.

Како што соопшти српското МНР, Дачиќ истакнал дека Србија е посветена и истрајна во примената на вредностите на оваа организација.

Јанош Бабиќ се заблагодари за досегашната соработка и рече дека целта е во текот на неговиот мандат да продолжа постоечките и да започнат нови проекти во Србија со поддршка на Советот на Европа, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.