На делот од магистралата Тракија, на каде што се преврте автобус со српски регистарски таблички во кој се превезувале 48 деца, пред два дена се случи друга тешка сообраќајна несреќа. Во таа пригода загинаа бремена жена и дете откако автомобил со турски регистерски талбички со кој се превезувале, излетал од патот, објавуваат бугарските медиуми.

Седумнаесет повредени деца се примени во болницата во Стара Загора, меѓу кои три се со тешки повреди. Најмладото е на возраст од шест, а најстарото е на 17-годишна вораст.

Три деца се потешко повредени и во нашата болница е хоспирализиран и маж со тешки повреди на ногата – изјави директорот на болницата Јовчо Јовчев.

Нема загинати во сообраќајната несреќа.

Има четворица тешко повредени, но не се во животна опасност. Причините за несреќата се расчистуваат, но нема надворешни причини – изјави в.д. министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во врска со состојбата на настраданите во автобуската несреќа.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар и се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Србија.

Повеќето се од Батајница.

По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упати кон местото на сообраќајната несреќа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.