Бугарскиот претседател Румен Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, четврти за помалку од две години, откако во јуни се распадна коалициската влада на премиерот Кирил Петков.

Колапсот на реформистичката коалиција во јуни го отвори патот за нови избори, четврти од април 2021 година.

Аналитичарите очекуваат дека тие ќе донесат посилно присуство на националистички и проруски групи во парламентот.

Претседателот Румен Радев со втор указ го распушти Народното собрание и датумот за вонредни парламентарни избори го одреди на 2 октомври.

На чело на привремената влада го назначи поранешниот министер за труд Галаб Донев.

Се очекува новата влада да се обиде да ги ублажи стравувањата за проблемите со снабдувањето со гориво и да го разгледа ставот на земјата за увозот на руски природен гас.

Во април Русија престана да испраќа гас за Бугарија, откако властите во земјата го одбија барањето на Москва да го плати гасот во рубли,пренесуваат медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.