Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа добил јасна порака од офицер на Генералштабот, смета Томас Тајнер, поранешен припадник на италијанската војска и експерт за копнени сили на НАТО и одбранбена стратегија на Алијансата, објави белградски Данас.

Мислам дека офицерите на Генералштабот на Србија синоќа му објаснија на претседателот Вучиќ дека доколку се осмели да го нападне Косово, борбените авиони на НАТО ќе реагираат во рок од неколку часа… Во рок од 48 часа 173-та воздушно-десантна бригада на Армијата на САД ќе биде авионски префрлена на аеродромот во Приштина, а падобранската бригада на италијанската армија „Фолгоре“ по воздушен пат до аеродромот Ѓаковица (кој италијанската армија го изгради за оваа намена), пишува Тајнер.

Тајнер понатаму на Твитер наведува дека еден ден подоцна ќе биде активирана механизирана бригада на италијанската армија „Пинероло“, која се наоѓа во Бари и неговата околина, и ќе биде испратена од 3-та поморска дивизија на италијанската морнарица со своите амфибиски бродови од Бриндизи до Драч во рок од 2 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.