Преседателот на Србија Александар Вучиќ требало да биде убиен на среднината на изборната кампања, дознаваат српските медиуми. Проценките на атентаторите биле дека тој тогаш повеќе ќе се движи меѓу народ и бил погодна мета. Дури и се оди до тоа дека нападот би требало да биде изведен за време на отворање на некоја фабрика.

Ликвидацијата требало да ја изврши платен убиец од Чеченија кој има големо искуство на фронтовите.

Организатор на атентатот е поранешен член на криминалната група „Пинк Пантер кој има прекар „Дебелиот“ и е кум со водачот на Кавачкиот клан Радојде Звицер, пишува „Ало.рс. Хонорарот наводно изнесува еден милион долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.