Покрај стандардните извештаи дека во авион на Ер Србија на летот за Москва била поставена бомба, на адресата на националниот авиопревозник попладнево пристигнала заканувачка порака за атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ, дознава Новости.рс.

Според информациите, оваа заканувачка порака пристигнала на е-маил адресата на авиокомпанијата, за што веднаш биле известени сите надлежни служби. Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.