Хрватската полиција запленила пратка со колумбиски кокаин спакуван на несекојдневен начин.

„Полициски службеници на полициската управа во Загреб ја завршија кривичната истрага против 43-годишен маж и 42-годишна жена поради сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и тргување со дрога“ – пишува полицијата.

Се сомневаат дека 43-годишниот маж од засега неутврдени лица и на неутврден начин од Колумбија купил поголема количина кокаин, која се обидел да го прошверцува во Хрватска така што кокаинот бил растворен, а во растврото биле натопени асталски чаршафи.

Дрогата сокриена на овој начин во двa пакета преку редовна курирска служба била прошверцувана на територијата на Хрватска, по што 43-годишен маж ја подигнал во четвртокот.

Своите сомнежи полициските службеници ги потврдиле со претрес на споменатите пакувања во кои биле пронајдени вкупно 26 парчиња платнени чаршафи натопени во раствор од дрогата кокаин.

Потоа е спроведена натамошна кривична истрага при што е утврдено дека 43-годишниот осомничен и 42-годишната жена спротивно на одредбите од член 3 од Законот за сузбивање на злоупотреба на дрога со цел на препродажба, набавил смола од коноп од типот на дрога и дрогата кокаин и ја измерил, препакувал и мешал со филер за да ја зголеми количината и ја скрил во стан во Загреб, се со цел производство и препродавање на дрогата“, пишува полицијата.

Исто така, со употреба на уреди за емитување светлина, осомничените создале услови за вештачко одгледување на растенија во кои засадиле коноп од типот на дрога и го сушеле, го измериле и на крајот го препродавале“, се додава во соопштението, а пренесува Индекс.хр.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.