Министерството за внатрешни работи на Бугарија ја отстрани веста од својата интернет-страница за апсењето на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јави агенцијата БГНЕС.

Претходно, ГЕРБ и бугарските медиуми објавија дека полиција го привела поранешниот премиер Борисов. Во Бугарја во голема заедничка операција со Европското јавно обвинителство. Се проверуваат 120 досиеја. Бугарските медиуми јавија дека се приведени Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.

– Никој не е над законот напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Бугарски медиуми објавија дека се веќе има собири на приврзаници на на ГЕРБ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.