„Картата за пијалоци, ве молам! – „Извинете, но сѐ уште е на печатење…“

Сѐ уште? На 15 јули? Овој дијалог во еден бугарски бар на плажа ја раскажува компримирано целата приказна. Приказната за лошата услуга, уништените очекувања и падот на бројот на посетители на бугарското крајбрежје на Црното Море. Онаму каде што пред само една година имаше гужва на долгите песочни плажи, каде што беа наредени лежалка до лежалка, еден до друг чадори за сонце, оваа година е невообичаено тивко.

Во јуни, велат хотелиерите и туроператорите за бугарските медиуми, речиси ништо не се случувало во, инаку добро пополнетите, поморски одморалишта. И во јули има значително помалку странски туристи од вообичаено.

Тоа не е без причина: во близина беснее војна – познатиот украински Змиски остров е на само 300 километри од бугарската плажа, Ковид-бројките се зголемуваат насекаде во Европа, а на аеродормите владее чист хаос. Покрај тоа, инфлацијата делумно ги изеде парите за годишен одмор.

Bulgarien Die Schwarzmeerküste ist wegen der Pandemie immer noch leer
Празните ресторани на бугарското црноморско крајбрежје чекаат гости

Веќе не е толку евтино

Во секој случај, одморот во Бугарија веќе не е толку евтин како што се очекуваше. Понудите „all inclusive“ во Турција и Шпанија често се поевтини отколку во Бугарија. Побарувачката во случајно избран хотел со три ѕвезди на плажата во Бургас покажува: една недела all inclusive овде чини околу 1000 евра по лице.

Овошен коктел на плажа чини 20 отсто повеќе од лани. За лесен оброк со салата и шише вино, може лесно да отидат 60 евра за двајца. Едно кафе чини 2,50 евра. „Поскапеа намирниците, мора некако да надоместиме“, објаснува еден келнер со загрижен израз. Истото важи и за изнајмувачите на плажите, кои загубите ги „компензираат“ со повисоки цени за чадори и лежалки: на некои места комплет чини и по 20 евра дневно. Дури и домашните туристи од Софија претпочитаат да одат во Грција, каде што цените се споредливи, но услугата е подобра.

Целата репортажа на „Дојче веле



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.