Шест амбулантни возила, со деца кои  беа повредени во сообраќајна несреќа во Бугарија, пристигнаа на Универзитетската детска клиника во Тиршов  во Белград.

Децата со бугарски возила биле пренесени до преминот Градина, каде што биле превезени од српски колеги кои превезувале деца повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија.

Децата на српската страна на преминот ги пречекакаа лекари и медицински сестри од КЦ Ниш кои дојдоа со 10 возила.

Автобусот со 48 патници од Србија, од кои 38 деца, се преврте  на автопатот Тракија. До несреќата најверојатно дошло кога возачот се обидел да го спушти совозачкото седиште за да може на него да седне родител со болно дете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.